ГРК Охрид во сабота, 14 март, ќе го одигра клучниот натпревар во борбата за пласман во ЕХФ Европската лига. Натпреварот со Алкалоид што ќе се игра во рамки на 2 коло од плејофот има огромно значење.

Во сабота не очекува тежок и важен меч на домашен терен. Ќе го дадеме нашиот максимум да ги задржиме двата бода и се надеваме на полна сала и голема поддршка, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Томислав Јагуриноски.

Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот.

Влезот за истиот ќе биде бесплатен, а ГРК Охрид ги повикува навивачите да ја исполнат салата „Билјанини извори“ и да бидат осмиот играч на екипата во битката за ЕХФ Европската лига. Поддржувачите со сезонски билети ќе бидат сместени со V блок над ВИП зоната.

Натпреварот ќе има хуманитарен карактер и на влезовите во салата ќе бидат поставени кутии за донации, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на младата Ева.

 

OhridNews