Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес учествуваше на теренска активности – планинарски марш на планината Галичица со колегите и полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Освен промоција на тимскиот дух, физичката подготвеност и здравото живеење маршот има и симболична порака дека суштински, чекор по чекор, се гради посилна, поединствена и поблиска полиција, посочи Јанев.

Патеката долга околу 7 километри ја изминавме не само како вежба за издржливост и тимски дух, туку како вистинска можност да ја сплотиме силата на институциите со волјата на заедницата. Со нас беа и волонтерите од Планинската спасувачка служба – Охрид, партнери со исклучителна мисија и огромно срце. Во еден здив, заедно разговаравме, разменувавме искуства и идеи за поефикасно заедничко дејствување при пожари, елементарни непогоди и спасувачки операции. Беа презентирани и дел од нивните вештини, опрема и методи на работа – вредности што ги надополнуваат нашите капацитети, истакна Јанев.

Тој на крај констатираше дека охридскиот регион и Македонија заслужуваат достапен безбедносен систем што делува и постои за граѓаните.

OhridNews