Oпштина Охрид објави јавен оглас за добивање право за поставување на реклами на урбана опрема – автобуски постојки на подрачјето на општината за периодот 2023-2028 година.
Локациите и бројот на автобуските постојки на кои ќе се поставуваат реклами се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема бр.08-17370/42 од 22.12.2022 година.
Локациите за поставување на реклами на урбана опрема-автобуски постојки се вкупно 15 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа на Бул.„Туристичка“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „7-ми Ноември“, „Гоце Делчев“, „15-ти Корпус“ и с. Лекосец. Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица кои ги исполнуваат условите утврдени со јавниот оглас, се наведува во јавниот оглас.
Јавниот оглас трае до 19.05.2023 година (петок) најдоцна до 10:00 часот. Детали за истиот на следниот ЛИНК.
OhridNews