За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на Општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на Општина Охрид. Во оваа насока општината објави Јавен повик за членови во Локалниот младински совет.

Бројот на членови на младинскиот совет на Општина Охрид изнесува 7 од кои најмалку 40% припаѓаат на помалку застапениот пол. Членовите на локалниот младински совет на Општина Охрид имаат мандат од две години со право на уште еден избор. Изборот на членови на младинскиот совет на Општина Охрид го прави Локалното собрание на млади, на непосредни избори со тајно гласање, се посочува во повикот.

Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Охрид како и поединци кои имаат искуство со младински активности  кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Охрид;
  • Да се жители на Општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;
  • Да имаат искуство со младински активности и проекти.

Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Охрид.

Повеќе детали за Јавниот повик на линкот.

OhridNews