Општина Охрид објави Јавен повик за доставување предлози за одбележување значајни настани и личности со меморијални споменици и обележја.

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата, Општина Охрид подготвува Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја, за период од пет години.

Со цел, максимална транспарентност и вклучување на стручната јавност, Општина Охрид упатува Јавен повик до правните и физичките лица да достават конструктивни предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.

Предлозите, задолжително, треба да содржат: податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење; порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето; како и основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на споменикот или спомен – обележјето, се посочува во повикот.

Предлозите, најдоцна до 02.12.2025 година, треба да се доставуваат во писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.

OhridNews