Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт на 7 септември во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 20:00 часот.

Ова година по петнаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година се градскиот мешан хор Vox Lichnidos и маестро Тони Арслан. Со големо задоволство ве покануваме на овој наш јубилеен концерт заедно да уживаме во звуците на староградските песни, велат од ВИС „Билјана“.

Билетите за концертот се во ограничен број, по цена од 300 денари и може да се резервираат на телефонскиот број 076/212-680, а да се подигнат на самиот влез еден час пред почетокот на концертот.

OhridNews