На Светското првенство во фудбал за клубови што се игра во САД, ноќеска се одиграа два натпревари. Калчолигашот Јувентус со 5:0 го совлада Ал Аин, а Салцбург со 2:1 беше подобар од Пачука.

Претходно, синоќа, Манчестер Сити ја совлада екипата на Вудад Казабланка со 2:1, а Реал Мадрид и Ал Хилал одиграа нерешено 1:1.

Денеска се играат уште два натпревари. Палмеирас се среќава со Ал Ахли, а Интер Мајами игра со Порто.