Во 9-то коло од плејофот ГРК Охрид во среда, 20 мај, ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер.
Не чека вистинско дерби, борба за второто место во Супер лигата. Играме на домашен терен и ќе се бориме до крај со цел да покажеме дека сме тим што никогаш не се предава. Очекувам жестока битка. Подготвени сме да го дадеме нашиот максимум, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19 часот.
OhridNews













