Дамјан Пејчиноски и неговиот бенд приредија прекрасно музичко доживување за љубителите на џезот на третата фестивалска вечер на „Охрид Џез Фестивал 2026“.
Во препознатливиот амбиент во предворјето на црквата „Св. Софија“, Пејчиноски и неговите музички соработници ја поведоа публиката низ вечер исполнета со авторски композиции и познати џез стандарди.
Заедно со Пејчиноски на гитара настапија Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас-гитара.
Одличните индивидуални изведби и заедничката енергија на музичарите донесоа уште една успешна фестивалска вечер и вистинско уживање за љубителите на џезот.
Четвртото издание на „Охрид Џез Фестивал“ завршува вечерва со Меѓународната џез вечер. Пред охридската публика ќе настапи Branko Sterpin Quartet, со специјален гостин од странство.
Концертот ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток во 20:30 часот, а влезот е бесплатен.
OhridNews
Фото: Општина Охрид i Фејсбук















