Во морето настани ова лето во градот кој буквално е бомбардиран од музички концерти кои се движат од една во друга крајност, ретки се тие кои можат да се издвојат во групата квалитетни и соодветни за место какво што сака да биде Охрид. Еден од таквите, е настапот на американскиот пејач, текстописец и танчер Џејсон Дeруло.

Tој одржа концерт на СРЦ „Билјанини извори“ на празникот Илинден на 2 Август, на кој присуствуваа голем број негови обожаватели и гости.

Во знак на сеќавање на настапот во Охрид Џејсон Деруло од познатите изработувачи на оригинален охридски бисер, семејството Талеви, на подарок доби уникатно изработен ѓердан од бисери.

Џејсон Дeруло од Охрид си замина со најавтентичниот подарок

Од почетокот на неговата соло во 2009 година, Џејсон Деруло има продадено над 250 милиони синглови ширум светот и има четиринаесет платински синглови во САД.

Г.М.