Денеска (17.12.2022) во 07.38 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ во Охрид било пронајдено починото 76 годишно лице од Охрид.

Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews