ОГЛАСИ

Мега интервју со Џеди Осман: Немав некоја посебна желба за клуб во НБА лигата, но ангажманот во Кливленд е вистинско бинго за мене

Спорт | Охрид | 13.07.2017 15:26Посети : 7952

Детските соништа на секој спортист во случајов кошаркар, полека но сигурно ги исполнува. Од следната сезона негов клуб ќе биде вицешампионот во НБА лигата, Кливленд и ќе биде соиграч на вонсериски кошаркари какви што се Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг. Ексклузивно за OhridNews, Џеди Осман ги откри моментите околу потпишување на договорот и остварување на соништата.



- Од првиот ден кога се преселив во Турција со мојата фамилија размислував еден ден да заиграм во најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА лигата. Секојдневно тренирав напорно во Анадолу Ефес и никогаш не отстапив од моите соништа кои еве полека ги остварувам. Немав некоја поголема желба во која екипа да се преселам, но за мене испадна „бинго“ што ќе можам да тренирам и играм со играчи како Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг, Кевин Лав и другите соиграчи. - изјави Џеди Осман и додаде околу успешниот договор помеѓу него и клубот. - Емоции имаше многу, но сепак јас сум професионалец и не треба еуфорично да реагирам на мојата прилика во кариерата.

22-годишниот кошаркар имаше успешна сезона со Анадолу Ефес во Евролигата. Тој и клубот стигнаа на чекор од Ф4 турнир, но загубија од Олимпијакос во мајсторката. - Имавме тешка и напорна сезона и можам да кажам успешна. За една победа не успеавме да се пласираме на завршниот турнир во Евролигата иако имавме 2-1 водство со Олимпијакос во 1/4 финалето. Потајно се надевав на нешто големо, бидејќи играв константно и имав добар учинок.



Во Охрид со специјален тренер Осман се подготвува за предизвиците со турската селекција, а потоа и НБА лигата.

- Во НБА лигата се трча повеќе за разлика од натпреварите кои ги игравме во Евролигата и домашното првенство во Турција. Физичката подготвеност игра поголема улога во НБА лигата, отколку во Евролигата, каде се игра повеќе тактички и да не се прими кош повеќе. Затоа јас на индивидуалните тренинзи посветувам повеќе внимание на физичка подготвеност. Претпладне тренирам во фитнес центар, додека послепладне имам суви тренинзи, односно трчање. - потенцираше кошаркарот висок 2 метри и 2 сантиметри.



Охридската гордост како што го нарекуваат своите најблиски, секоја слободна седмица во годината ја користи да дојде во својот роден град и да ги наполни батериите.

- Секоја слободна седмица ја користам да дојдам во Охрид и да се одморам физички и пред се психички. Охрид има таква некоја чудна магија, која секогаш ме смирува и ми дава енергија за следните мои предизвици. - изјави Осман.



Во Кливленд ќе го носи бројот 6 на грбот. Тој истакнува дека бројот на дресот нема посебно значење, туку од почетокот на кариерата го носи тој број и сега ќе биде така. Осман уште неколку дена ќе престојува во Охрид по што ќе отпатува во Америка да го официјализира тригодишниот договор со Кливленд.


Михаил Постоловски

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833