ОГЛАСИ

Бакрачески: Според ветувањата досега требаше да имаме 8 базени, катни гаражи и автобуски станици

Вести | Локални избори 2013 | 06.03.2013 14:16Посети : 2040


За да се препише нешто и направи копија, треба да постои оргинал. Оргиналот ниту јас, ниту граѓаните досега не го видовме. Можеби постои, но во овие 8 години не го најдовме. Нашата изборна програма е реална вредност и факт со кој настапуваме. Се што е во програмата прикажано, ќе се исполни. Се поставува прашање – ако програмата на противкандидатот постои, тогаш каде се проектите. За 8 години не ги видовме.  Според ветувањата за 8 години требаше да имаме 8 базени, 8 автобуски станици, 8 катни гаражи, зелени пазари и уште многу други работи, рече на денешната прес- конференцијата кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, д- р Никола Бакрачески, коментирајќи ги обвинувањата од кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески, дека 90% од програмата на Бакрачески се проекти кои Петрески ги реализирал или пак најавил дека ќе ги реализира.





Како најзначајни проекти од областа на спортот, содржани во изборната програма, Бакрачески ги наведе изградбата на затворениот базен, терените за тенис во рамки на СРЦ „Атина Бојаџи“, спортските игралишта во Лескоец, Воска и Далјан.

- Веднаш по моето доаѓање на местото градоначалник, ќе пристапиме кон реализација на изградбата на долго ветуваниот затворен олимписки базен, изграден според сите меѓународни стандарди, со димензии 33 со 25 метри, што ќе овозможи реинкарнација на спортовите по кои некогаш Охрид беше препознатлив- пливањето и ватерполото. Ќе ја продолжиме традицијата на нашите предци во овие спортови и ќе овозможиме развој и унапредување на талентираните млади луѓе. Ќе придонесеме кон развој на спортскиот дух во градот, здравите навики, а истовремено базенот ќе биде местото каде ќе се рекреираат и дружат граѓаните, рече Бакрачески.

Затворениот базен е предвидено да се гради во рамки на Спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ со средства издвоени од државниот буџет.

Со општински пари во висина од 5 милиони денари е предвидена изградба на повеќенаменско, спортско игралиште во Лескоец, што ќе даде нова димензија во спортскиот и рекреативниот живот во селото.

- Спортски игралишта за одбојка и фудбал во песок ќе се градат и во населбите Воска и Далјан, со што ќе се овозможи овие населени места конечно да добијат рекреативни содржини и место каде жителите ќе се дружат , најавува Бакрачески.

Во изборната програма, предвидена е и изградба на двоен тениски терен во Спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“, за што е предвидено од општинскиот буџет да се издвојат 6 милиони денари.

Како што потенцира д- р Бакрачески, свесен е за долговите кои ги има општината, но потенцира дека зад него стои тим од екперти со чија помош, се прават стратегии за репрограмирање на долговите на општината.


Т. К.








© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833