ОГЛАСИ

ОПМ: Потрошувачите не треба да ги премолчуваат неправилностите

Вести | Охрид | 15.03.2014 15:01Посети : 1125

Потрошувашите имаат свои права и не треба да ги премолчуваат измамите порачаа од општинската организација на потрошувачите -ОПМ по повод одбележувањето на Светски ден на правата на потрошувачите - 15 март.



Како што информираа од ОПМ, на локално ниво во насока на заштита на потрошувачите Советот на општината донесе програма која ги прецизира нивните права. Како што истакна претседателот на ОПМ - Охрид Вангел Спироски основна цел на Програмата за заштита на потрошувачите е сензибилизирање на јавноста за заштитата на потрошувачите и подигање на нивото на заштитата на потрошувачите во општина Охрид. 


-Во таа насока оваа година ќе бидат подготвени и промовирани брошури и други промотивни материјали за правата на потрошувачите, согласно законската регулатива од областа на заштитата на потрошувачите. Ќе се работи и на јакнење на институционалната рамка и воспоставување соработка и координација помегу субјектите релевантни за заштита на потрошувачите, со посебен акцент на државните инспекциски органи за спроведување на пазарниот надзор, како и на подигање на свеста на потрошувачите за алтернативните форми за решавање на потрошувачките спорови (медијација и слично). Исто така ќе се врши едукација на членовите на Советот за заштита на потрошувачите во доменот на потрошувачкото право, како и во доменот на потрошувачките политики и низа други едукативни и други мерки. - истакна Спироски.


Во рамки на одбележување на Светскиот ден на потрошувачите ОПМ Охрид денеска го промовираше едукативниот флаер „Права имате но дали ги знаете?“, со што и официјално започнува имплементацијата на програмата за заштита на потрошувачите на Општина Охрид за 2014 година. Овој флаер содржи корисни информации за потрошувачите согласно Законот за заштита на потрошувачите. Флаерот ќе може да се најде на инфо пултот на влезот на Општината како и на веб страната на ОПМ. 


Светскиот ден на правата на потрошувачите се одбележува на 15-ти март од 1983 година со цел да се промовираат правата на потрошувачите во цел свет. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833