Актуелни и релевантни теми од светот на финансиите како развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативни извори на финансирање, анализа на меѓународните искуства и најдобрите практики, банкарство, инвестирање и финансиски институции, дигитална трансформација, вештачка интелигенција и нови финансиски технологии ќе бидат опфатени во рамки на јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза која од денес од 23 септември се одржува во Охрид.

Годишната конференција на Македонската берза е еден од најзначајните финансиски настани во нашата земја и претставува платформа за поврзување, размена на знаења и искуства, како и дискусии за актуелните случувања на пазарот на капитал во Македонија и во регионот, велат.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.

OhridNews