Денеска, 15 ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи посветен на загинатите и повредените на патиштата, како и на нивните семејства, чии животи трајно се менуваат. Одбележувањето секоја година е во третата недела од ноември.

Сеќавањето на жртвите е и повик за поголема одговорност, побезбедни патишта и поддршка за преживеаните и семејствата што изгубиле близок. Светската здравствена организација го посветува овој ден и на поттикнување конкретни мерки за спасување човечки животи.

Зад секоја сообраќајна трагедија остануваат прекинати животни планови, празно место во домот и последици што не завршуваат со полицискиот извештај.

Според податоците соопштени од МВР, во првите осум месеци од 2026 година на патиштата во Македонија загинале 62 лица, наспроти 96 во истиот период минатата година, што е намалување за повеќе од 35 отсто. Намалувањето на црната статистика, според МВР, во голема мера се должи на воведувањето на системот „Безбеден град“. Системот сè уште не ја опфаќа целата територија на државата, а на неговото проширување интензивно се работи.

Почитувањето на брзината, вниманието кон пешаците, користењето сигурносен појас и оставањето на телефонот додека се вози се секојдневни постапки со кои секој може да придонесе за поголема безбедност.

OhridNews