Пет годишно јубилејно издание на поетското читање „Имам нешто да ти кажам“ ќе се одржи на 16 јуни со почеток во 20 часот во Shilla – coffee & bar.

Пријатели и љубители на пишаниот збор, по некое време пауза, ве покануваме на јубилејно издание на поетското читање „Имам нешто да ти кажам“, повод 5 години од запчнувањето на овој настан.Може да се пријави и да учествува секој што има желба во приватна порака, велат од Културолошка Иницијатива 5 до 12.

Прославата на овој јубилеј велат е предвесник на летната програма на 5то јубилејно, алтернативно културно-забавно лето која започнува на 23 јуни со летно кино со автомобили.

OhridNews