Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2021/2022 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри на ниво на држава е зголемен за 168.8 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен во однос на периодот 2020/2021 година.

Во овој период Народниот театар Охрид имал 17 изведби. Вкупниот број на посетители изнесува 854. Театарот имал едно гостување каде што биле присутни 127 посетители, велат податоците на ДЗС.

Охриѓани имаа можност да ги погледнат претставите „Енергични луѓе“, „Сопружници“, „Крик за љубовта“, како и претставата „Секс, лаги и љубомора“ која беше изведена и на „Охридско лето“. Театарот гостуваше на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина” со претставата „Енергични луѓе“.

Споредбено со перидот од 2020/2021 има зголемување и на бројот на изведби и на бројот на посетители. Имено во овој период имало 14 изведби, а вкупниот број на посетители бил 557. Театарот имал, исто така, едно гостување каде што биле присутни 100 посетители.

OhridNews