Посветено се грижиме за здрав и правилен развој на младите и децата. Затоа започнуваме со активности за реконструкција на спортските и повеќенаменснските игралишта во градот, вели градоначалникот Кирил Пецаков во објавата на фејсбук профилот.

Деновиве се врши реконструкција на игралиштето во населбата Христо Узунов. Согласно проектот предвидено е да се постави нова подлога, нови огради и реквизити. После завршувањето со активностите тука, продолжуваме со реконструкција на игралиштата во населба Гоце Делчев, во Пештани, во ОУ “Св. Климент Охридски” и Даљан, стои во објавата.

OhridNews