Доставата на учебници треба да биде завршена во текот на оваа недела според информациите добиени од добавувачите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Министерството ја заврши својата работа, сега ова е одговорност нивна, но очекувам да си ја исполнат задачата така како што ветиле. Не е проблем нека нека трае до крајот на неделата, но нека пристигнат сите учебници. Единствено што се случува во моментов дека добиваме одредени поплаки за учебници кои ги добиле учениците кои не се во добра состојба, но ќе се обидеме и за тоа да најдеме решение што е можно најбрзо, рече Јаневска.
Потенцираше дека во изминатите неколку месеци набавена е современа ИТ технологија, односно нови компјутери, интерактивни табли и уреди за мрежно поврзување и безбеден пристап до интернет во 80 училишта.
Наскоро Владата ќе додели и ваучери за набавка на електронски уред за студентите, во износ од по 15 илјади денари, а знаете дека дигитализацијата на образованието се одвива многу побрзо кога визијата на Владата и на локалните самоуправи се совпаѓаат. Така е во моментов и така треба да биде во иднина, додаде Јаневска.
OhridNews