На овогодишниот седми по ред Јахорина Економски форум кој се одржува од 14-16.05.2024 година под наслов “Западниот Балкан – долгорочни правци за неговиот развој“ Д-р Љупчо Јаневски зема учество на панелот „Развојот на туристичката дестинација и менаџмент во туризмот“ каде модератор е Марко Радиќ од Туристичката организација на Република Српска, заедно со министерот на Сојузното Министерство за животна средина и туризам на БИХ г-ѓа Насиха Поздер, министерот за трговија и туризам на Република Српска, Денис Шулиќ, директорот на Аграрниот фонд на град Требиње Веселин Дутина, и Марија Миладиновиќ Пешиќ, основач на Консултантска агенција за хотелски менаџмент „Key Hospitality“.
Туризмот во 2023 година во земјите од регионот ги надминаа резултатите во Европа споредбено со 2019 година и преставува една од ретките економски гранки на државно ниво кои имаат раст во земјите од Западниот Балкан и крајно време е да се третираа како една туристичка дестинација која брои повеќе од 18 милиони луѓе. Секоја земја во туризмот се базира на 40 до 50% регионални гости и потребно е патувањата помеѓу себе да бидат побрзи и уште подобро инфраструктурно поврзани со авионски линиии и директни автобуски линии. Потребно е да изградиме јаки регионални туроператори и реархитектуираме туристичката индустрија доволно прилагодлива на новата туристичка реалност и барања на туристите. Време е туризмот да го заземе своето заслужено место во економиите на западниот Балкан!, истакна Јаневски на панелот.

Овие заклучоци не само што даваат увид во моменталната состојба на регионалната економска клима, туку даваат и клучни насоки за подобрување на политиките кои дополнително ќе ја обликуваат иднината на регионалните економии. Присуството на форумот е повеќе од 600 учесници од 15 земји што дополнително со сите присутни чинители градат мостови помеѓу теоријата и практиката, препораките и заложбите од процесот на пристапување во ЕУ, се создаваат иновативни решенија кои ја обликуваат одржлива економската иднина. Форумот допридонесува за важен дијалог кој има далекусежно влијание врз заедничка економска перспектива и зачењето за идните правци на економиите и соработката на земјите од Балканот и овој дел на Европа, велат од Сојузот на Стопански комори на Македонија.
OhridNews













