Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес распишува Јавен повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Охрид за 2026 година и ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на културата, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за развојот на културата во општина Охрид.

Предлог – проектите, активностите и програмите треба да се однесуваат на активности од областа на културата кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Охрид во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности, а се со единствена цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за културата за 2026 година. Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на културата, се наведува во Јавниот повик.

Предлог- идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат во рамките на програмата за култура во текот на 2026 година.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 19.11.2026 година (среда), до 15.00 часот.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews