Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за поддшка на три првоизбрани тимови за најдобро решение за изработка на дигитални алатки – мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид објавен е јавен повик.

Со овој јавен повик се повикуваат тимови составени од млади ентузијасти, програмери, дизајнери и маркетинг експерти да достават свои предлог-решенија за мобилна апликација наменета за туристичка промоција на Охрид, наменета за Android платформа, развиена во програмскиот јазик Kotlin, која ќе претставува модерна адаптација на веб страницата www.visitohrid.com.mk., се наведува во повикот.

Финансиска поддшка ќе добијат три избрани тимови за најдобро решение и тоа прворангираниот 140.000, второрангираниот 110.000 и треторангираниот 70.000 денари.

Јавниот повик ќе трае 30 календарски дена од денот на објавување на вебстраницата на Општина Охрид.

Повеќе информации на линкот.

OhridNews