Општина Охрид преку Советот за превенција на детско престапништво и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата распишува Јавен повик за литературен и ликовен конкурс за ученици од основните и средните училишта.

Литературниот конкурс на тема: „Секој збор е пат, секоја мисла светлина –да не се изгубиме во темнината на грешката“ е наменет за учениците од (I до IV година) од средните училишта на подрачје на општина Охрид. Целта е поттикнување на свеста кај младите за последиците од погрешните избори и девијантното однесување, емпатија наспроти насилство, мирно решавање на конфликти, важноста на личната и општествената одговорност.
Литературните и ликовните творби најдоцна до 13.03.2026 година до 12 часот треба да се достават лично и ли по пошта до Општина Охрид.
Повеќе детали на линкот.
OhridNews












