Општина Охрид, во согласност со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување усвоен од Владата на Република Македонија, објави јавен повик за работно ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина.
Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу пет месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход, се наведува во повикот.
За да можат да аплицираат лицата треба да се евидентирани како невработени во АВРМ-активни баратели на работа, да имаат општа здравствена способност и психофизичка способност и да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија и дијабет, како и да се на возраст до 55 години.
Повеќе информации за јавниот оповик на линкот.
OhridNews