Јавни повици за распределување средства од програмата за спорт и субвенционирање трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“
09.01.25 09:50
Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација.
Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот.
Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот, се посочува во јавниот повик.
Јавниот повик е отворен до 25.01.2024 година до 14.00 часот, а повеќе и информации има на линкот.
Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за давање согласност на Oдлуката за утврдување цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори-Охрид“ бр.08-804/10 од 30.01.2023 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини Извори”-Охрид.
Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на Ј.П.„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2025 заклучно со 31.12.2025 година, се посочува во повикот.
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина О...
Вечерва со почеток во 20:00 часот охридската публика ќе може да ја погледне претставата „Парите се отепувачка“ во изведба на Народен театар Охрид, по текст од Ристо Крле, адаптиран и режиран од Анд...
Утре поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“ ќе има прекин во водоснабдувањето кај корисниците ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.