Средниот бек на ГРК Охрид Ловро Јотиќ успешно ја помина операцијата на предниот врсктен лигамент, повреда со која се здоби на натпреварот одигран во СРЦ Билјанини Извори од 5тото коло против екипата на ГРК Тиквеш.

На Ловро му посакуваме добро здравје и што побрзо да се врати на ракометните терени, велат од ГРК Охрид.

Воедно, информираат дека Предраг Вејин не успеа да се врати целосно по повредата здобиена во Олимпијакос и да му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ, поради што спогодбено го раскинаа договорот со десниот бек.

Му посакуваме добро здравје и побрзо да се врати на ракометните терени, додаваат од клубот.

OhridNews