Изминатиов петок бевме сведоци на партиско соопштение на политичката партија СДСМ Охрид во кое централна тема беше минатото финансиско работење на јавното претпријатие „Билјанини Извори”. Како споменати во истото, а согледувајќи го изнесеното, должност ни е да реагираме, а во овој случај јавно да и се обратиме на политичката партија СДСМ Охрид. Јавното обраќање до нив не е со цел да полемизираме и лицитираме со финансиски бројки како во споменатото соопштение, туку напротив тој принцип и досегашен стил да го замениме со разговори со приложување на документација таму каде што треба во дирекцијата на јавното претпријатие или преку дискусија како посебна точка на првата наредна седница на Советот на Општина Охрид, предлагаат од ЈП „Билјанини Извори“.

За нас како јавно претпријатие како досега така и денес е од особена важност доброто информирање за состојбите во јавното претпријатие на секоја политичка партија во Охрид посебно кога таа партија има членови во Советот на Општина Охрид. Нивните претставници носат многу важни одлуки за нас и нашето тековно работење од што зависи егзистенцијата на 80 фамилии од Охрид, но зависи и квалитетот и развојот на нашата охридска заедница. Затоа преку ова соопштение за јавноста ја искористуваме можноста да упатиме јавна покана до советниците, координаторот на СДСМ Охрид во Советот на Општина Охрид да дојдат на работен состанок во дирекцијата на јавното претпријатие на кој би се разговарало за минатото и сегашното финансиско работење на претпријатието или официјално да предложат до претседателот на Совет на првата наредна седница да се стави точка на дневен ред поврзана со минатото и сегашното работењето на ЈП „Билјанини Извори”, велат во соопштението.

Верувајќи, додаваат во соопштението, дека интересите на сите советници и политички партии, а во овој случај СДСМ Охрид се во насока на доброто функционирање на јавните претпријатија во Охрид, а со тоа и на ЈП „Билјанини Извори” искрено се надеваме дека оваа наша покана или предлог ќе бидат прифатени.

OhridNews