ЈЗУ Општа болница Охрид доби значајна донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на условите за лекување, рехабилитација и секојдневна грижа за пациентите.
Во рамките на донацијата обезбедени се 3 кислородни концентратори, 2 дубаци без тркалца, 13 дубаци со тркалца, 5 инвалидски колички преку „Letz Catz“ и Здружението за ретки болести, како и 10 инвалидски колички донација од „Кипер Маркети“.
Овие медицински помагала ќе бидат ставени во функција на пациентите на кои им е потребна поддршка при движење, рехабилитација со што директно се подобруваат условите за нивно лекување и закрепнување, посочуваат од Болницата, упатувајќи благодарност до донаторите за покажаната општествена одговорност, хуманост и поддршка на здравствениот систем.
OhridNews















