За справување со пожарите во летниот период Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Со оваа мерка како Влада сакаме да постигнеме навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животни, животната средина и други материјални добра. И токму затоа се со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба, посочуваат.

Воедно, велат, Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани, додаваат во соопштението.

OhridNews