Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, престојува во официјална посета на Бурса, Република Турција, каде во текот на престојот ќе оствари средби со значајни претставници од бизнис-секторот, како и со претставници на локалната власт во регионот на Бурса.
Во рамки на посетата организиран е и свечен настан чија цел е зајакнување на пријателските и соработничките врски меѓу Струга и Бурса, како и отворање нови можности за соработка во различни области, информираат од Општина Струга.
Настанот, додаваат, ќе биде збогатен со традиционални ора и музичка програма, создавајќи заедничка атмосфера исполнета со елементи од културата и традицијата на двете земји.
OhridNews












