Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и членот на Кливленд кавалирс, Донован Мичел се прогласени за најдобри играчи минатата седмица во Западната, односно Источната конференција на НБА-лигата.

Џејмс неделата ја заврши со просек од 35 поени, 8,7 скока и 7,7 асистенции по натпревар.

Мичел имаше просек од 37,7 поени, 7,3 асистенции и 5,3 скока по натпревар, а неделата ја започна со 71 поен постигнат на средбата со Чикаго булс.

OhridNews