Презентација и дегустација на локална храна приготвена од членовите на здружението во холот на Фактултетот за туризам и угостителство-Охрид организира Слоу Фуд Охрид во соработка со Факултетот за туризам и на покана од Општина Охрид.
Оваа активност е дел од проектот „Купувај локално“ со кој се поддржуваат охридските локални производители да ги применат новите стандарди за промоција на своите производи со програмата за локален економски развој и со тоа да се доближат до купувачите и туристите, информираат од Слоу Фуд Охрид.
Настанот ќе го отвори градоначалникот Пецаков, а Слоу Фуд ќе има кратка презентација за значењето на локалната храна.
Потоа во холот ќе бидат презентирани сите локални производители со готвење во живо пред присутните, додаваат.
Настанот ќе се одржи во четврток на 22 декември со почеток во 12 часот.
OhridNews
.