Кошаркарите на Охрид во возбудлив и драматичен натпревар кој се решаваше во завршните секунди од мечот, попладнево во салата „Билјанини извори“ го совладаа Вардар во дерби натпреварот од 10 коло од Првата лига. Со слободните фрлања на 9 секунди до крајот на американското засиулување Џален Хоукинс ГКК Охрид славеше 83:82.
Мечот имаше интересен тек, а секоја од екипите имаше свои моменти. Почетокот им припадна на гостите, кои имаа водство во почетните минути, но Охрид ја доби првата четвртина 18:14. Втората им припадна на гостите од Скопје 24:30 за водство на Вардар на полувремето од +2.
Третиот период повторно му припадна на Охрид 25:21, а драматичната последна четвртина Вардар ја доби 16:17, недоволно да избегне пораз.
Со оваа победа Охрид ги задржува амбициите за највисок пласман во Првата лига, што ќе отвори можност за враќање на екипата во најквалитетната лига.
Г.М.














