Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19, од кои 1 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје 28, Гостивар 8, Прилеп 8…

Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.

OhridNews