Постоечкиот продажен салон на словенечкиот бренд за долна облека Lisca, лоциран во старата охридска чаршија, по повод 10 годишнината од неговото функционирање, e реновиран по сите најсовремени продажни стандарди.

Љубителите на овој бренд и редовните купувачи во Охрид ќе имаат можност да ја разгледаат целокупната понуда на машка и женска долна облека, како и костими за капење, од колекциите за 2016 година.

Брендот Lisca е синоним за оригинални креации, врвен квалитет на изработка и проверени кроеви по пристапни цени. Lisca во својата понуда нуди целосни производни програми, наменети за потрошувачи со различен стил, како и за различни прилики и намени.

Со своите модерни производи, овој бренд ги задоволува желбите и потребите на потрошувачите со високо квалитетни производи кои одлично прилегаат и со тоа создаваат убавина, привлечност и самодоверба.

OhridNews