Во друштво на пријатели и помагатели Младинскиот совет од Охрид (МСО) ја одбележа десетгодишнината од своето постоењето. На промоцијата на оваа невладина органзиација која преку своите проекти и активности се залага за решавање на проблемите на младите  присуствуваа градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, пратеникот Александар Николоски како и други гости од јавниот и политичкиот живот.


МСО на институциите и поединиците кои го препознаа и помогнаа овај проект кој трае веќе десет  години им се заблагодари со благодарници и подароци пригодни за овај момент.

Редакцијата на Оhridnews на славениците им го честита јубилејот и им посакува уште многу успешни години.

М.П.