Полни 10 години Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ успешно соработуваат и се вистински пример за деловност, професионализам и општествена одговороност.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ постои од 2003. На 28 јануари 2012 година, пак, започна да се гради заедничката приказна со „Виа Фарм“ аптеки, која е препознатлива надалеку.
Високо обучен стручен кадар, најсовремена опрема и новите стилски и модерно уредени простории, го прават стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ поинаков од другите. Центарот е сертифициран и лиценциран за импланти и може да се пофали со соработката со Дитрон Интернационал. Има специјална современа орално хируршка и имплантолошка сала која ги задоволува светските стандарди за ергономичност, функционалност и стерилност и соодветен кадар кој е обучен за работа со Дитрон импланти. Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и натаму е лидер во развојот на денталниот туризам, не само во регионот, туку и во земјата воопшто.

Менаџментот на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и „Виа Фарм“ аптеки, во јубилејната година на успешна соработка, најавуваат нови заеднички проекти и многу активности, во функција на подобро здравје на клиентите и воопшто на граѓаните од регионот.
OhridNews












