Десет министри од Владиниот кабинет, имаат само уште неколку часа да ги поднесат анкетните листови за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи заклучно со вчера не ја исполниле законската обврска, која предвидува тоа да го направат во рок 30 дена по именувањето, дознава Макфакс.
Првиот финансисер, Драган Тевдовски, шефот на дипломатијата, Никола Попоски, вицепремиерите Кочо Анѓушев и Хазби Лика, како и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, се меѓу имињата, за кои антикорупционерите до вчера не добиле податоци за имотната состојба.
Од Државната комисија за спречување на корупцијата, известуваат дека имотен лист поднел премиерот Зоран Заев, а од министрите тоа го направиле:
Бујар Османи – вицепремиерот задолжен за европски прашања, Рената Дескоска – министерката за образование и наука, министерот за правда, министерката за одбрана, Зорица Апостолска – министерката без ресор, Оливер Спасовски, Роберт Поповски, Горан Сугарески, Едмонд Адеми, Дамјан Манчевски, Крешник Бектеши – министерот за економија, Садула Дураки – министерот за животна средина и просторно планирање, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Рамис Мерко и Арбен Таравари.
Од замениците-министри, анкетен лист поднеле Ширет Елези – заменик министерката за финансии и Висар Ганиу – заменик министер за образование и наука.
OhridNews
извор Макфакс