Јавните претпријатија чии вработени беа ангажирани во расчистувањето на снегот, донесоа одлука да ги наградат со 10% надомест на плата, напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на Фесјбук профилот.
Сите пешачки патеки и сообраќајници во градот се проодни. Нашиот приоритет е функционален град и безбедни жители, вели Пецаков во постот.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден екипи на ЈП “Охридски комуналец”, заедно со екипи од ЈП “Нискоградба”, “Билјанини Извори” и ЈП “Водовод” Охрид ги чистеа критичните точки низ градот.
Се чистеше снегот од тротоарите вдолж „Булевар Туристичка”, централното градско подрачје и Стар Град, населба Радојца Новичиќ, Долно и Горно Лакочереј, населба Воска – Даљан, населба Гоце Делчев, с.Елшани, населба Св.Стефан како и во сите други населени места со цела механизација.
Првично снегот започна да се чисти на повисоките места.
OhridNews














