Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс во летниот преоден рок ќе има на располагање 100 милиони евра за засилувања.


Мојс по самото доаѓање во Јунајтед најави дека на тимот неопходно му е освежување, а во зимскиот трансфер период го доведе само Хуан Мата од Челси.

Со оглед на тоа дека повеќе играчи се пред излезни врати од Олд Трафорд, Мојс брзо ќе му најде „решение“ на парите дадени од управата на клубот.

Мојс има неколку фудбалери кои се на поширокиот список како можни засилувања, а тоа се Марко Ројс и Илкан Гундоган од Дортмунд  и  Диего Коста од Атлетико Мадрид

Мх.П.