104-години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков
27.02.12 14:06
Со пригодна церемонија, градот Охрид денеска ја одбележа 104-годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. По тој повод пред спомен плочата на неговата родна куќа на ул. „Цар Самоил“, во која живее Љубица Бошнакова- Пејоска, потомок на гемиџијата, свежо цвеќе ќе положат претставници на Општина Охрид, институции, асоцијации и почитувачи на оваа историска личност.
На 28 април 1903 година Марко Бошнаков заедно со Јордан Поп Јорданов, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Иван Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минев(сите од Велес) Павел Шатев од Кратово, Начо Стојанов, Гоце Чанев, унгарката Ана Шапец и други, ја извеле најголемата терористичка акција во своето време против османлиската империја.
Гемиџиите во воздух ги дигнале бродот “Гвадалкивир”, „Банк Отоман“, гасоводните цевки, „Гранд Хотел Солун,“ кафеаните “Ал хамбра” и “Ноја” и “Бошнак-ан”. Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната “Египет”, како и неколку други локали.
архивски фотографии од солунските атентати-Википедија
Така завршува акцијата на македонските атентатори, кои во продолжение на четири дена сеат ужас кај турската власт и населението. Во битка со војската и полицијата се убиени Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Наумов. Уапсени се Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие отпрвин се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со заточение во Фезан (Африка).Таму Марко Бошнаков умира а преживеаните гемиџии како што претходно се договориле главата на починатиот Марко Бошнаков ја донеле во Охрид каде била закопана.
Бистата на Бошнаков
На стогодишнината од смртта на Марко Бошнаков во куќата на гемиџијата беше откриена биста која ја изработи Стефан Нестор, тогаш ученик во охридската Гимназија.
Врнежливата пролет по која настапија високи температури придонесоа за раст на вегетацијата и во урбаните средини И се би било во ред доколку граѓаните редовно ги одржуваат своите имоти, но, за жал,...
И овој викенд полицијата со полни раце работа Сообраќајната полиција извршила контрола на 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, конс...
Вчера попладне во 1821 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело Од извршениот увид, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.