По повод одбележувањето на 107 годишнината од смртта на Христо Узунов, утре, во 9 часот и 30 минути, кај бистата на Узунов  во градскиот парк од страна на претставници на локалната самоуправа ќе биде положено свежо цвеќе.

Во 11 часот свежо цвеќе ќе биде положено и на споменикот на Узунов , во Цер- Кичевско. Здружението на граѓани „Богојавление“, за сите заинтересирани има организирано бесплатен превоз со тргнување во 9 часот и 30 минути од градскиот плоштад.

Вечерва, основното училиште кое го носи името на Христо Узунов, со пригодна свеченост ,која ќе се одржи во Центарот за култура, ќе го одбележи својот патронат.

OhridNews