Во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид 19, најмногу во Скопје 45. Во Охрид денес нема нови случаи, додека во Струга се регистрирани 4 случаи.

Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти. До сега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.

OhridNews