Над 11 илјади повеќедетни, згрижувачки и семејства со самохрани родители преку центрите за социјална работа ќе добијат пакети со облека, информира на вчерашната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Тој додаде дека за оваа цел ќе биде искористена и текстилната роба и обувките кои Царинската управа, односно Агенцијата за управување со одземен имот.
„Како Министерство за труд и социјална продолжуваме да работиме на унапредување на политиките во насока на давање секаков вид поддршка на семејствата кои што имаат потреба од нас, имајќи предвид дека државата секогаш била репрезентативен заштитник на семејството.“ – додаде Ристовски.
OhridNews












