Тимот „FixIt MK“ предводен од охриѓанецот Дамјан Николоски вечерва може да влезе во ТОП 20 на „Средношколец Милионер“
17.11.25 14:06
Охрид има на што да се гордее: младиот тим „FixIt MK“, предводен од Дамјан Николоски, вечерва ја чека најважната одлука – дали ќе биде меѓу 20-те најдобри средношколски тимови во Македонија што продолжуваат во полуфиналето на престижниот натпревар „Средношколец Милионер“.
По повеќенеделна работа, стотици апликации и над 34.000 гласови од публиката, вечерва се избираат најдобрите 20 идеи што продолжуваат кон борбата за главната награда од 1.000.000 денари.
Доколку влезе во ТОП 20, Дамјан ќе има можност да работи со ментори од Brainster Group, да го усоврши својот бренд, да научи како се гради одржлива бизнис-идеја и како се презентира пред потенцијални инвеститори.
Во полуфиналето полуфиналистите ги очекува и 90-секунден elevator pitch директно пред основачот на Brainster, Петар Ниновски, а најдобрите ќе настапат и во финалето пред пет вистински инвеститори.
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради претстојната официјалната посета на премиерот на РАлбанија Еди Рама, утре, 22112026 година, започнувајќи од 06:00 часот, заклучно со 17:00 часот ќе бида...
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за денес од 12 до 14 часот во Охрид Од „Охрид не молчит“ посочуваат дека целта е да се испрати јасна по...
Во раните утрински часови претежно во западните делови ќе има повремен дожд Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните дел...