На 1-от меѓународен натпревар по англиски јазик организиран од страна на Global Input, претставник на EDI-LCCI меѓународни квалификации од областа на финансии, менаџмент, деловна администрација и англиски јазик за Италија и Балкан, ученичката Елена Карамачоска (11 години) од приватно училиште за англиски јазик ‘ЕЛИТ’ од Струга, под менторство на професорката Александра Поповски Голубовиќ, освои 1. место во категорија Hippo1.
Во првиот круг на натпреварот учество зеле 5000 кандидати од кои биле избрани 43 финалисти за учество во финалниот круг кој се одржа на 12. мај во Лидо ди Јесоло, Италија. Учесниците биле тестирани за сите четiри јазични вештини – слушање, читање, пишување и зборување. На сите учесници им беа доделени и меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик.
На финалниот натпревар во Италија учествува 3 ученици од Македонија.