Единаесет лица се здобија со телесни повреди, од кои едно со тешки, во сообраќајната незгода што денес се случи на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на селото Велешта.
– Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бус со струшки регистарски таблици кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и скршнал на спротивната-лева коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици. Осум патници биле префрлени во општата болница во Струга и кај нив се констатирани лесни телесни повреди. Двајца од патниците се во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и за нив сеуште се чека лекарскиот наод за карактерот на здобиените повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На местото на сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.
OhridNews