Во последните 24 часа се регистрирани нови 195 случаи на КОВИД-19, од направени 2.249 тестови. Починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид. Оздравени се 207 пациенти.

Како што информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 107, Битола 16, Охрид 11, Прилеп и Кавадарци по 9, Велес, Струмица и Делчево по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип по 1.

Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола и Кавадарци – по 15, Охрид – 11, Струга – 7, Куманово – 6, Прилеп – 5, Велес – 4, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 3, Делчево, Гостивар, Штип, Валандово и Неготино – по 2, Радовиш и Берово – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews