Според податоците на Државниот завод за статистика во декември 2021 година на ниво на држава се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесува 3 837 810 илјади денари, што е за 3.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Во Охрид во декември минатата година биле издадени 11 одобренија за градби, од кои 10 на физички лица и 1 на деловен субјект. Предвидена е изградба на 8 станови со површина од 891 м2, од кои 2 двособни, 3 четорособни и 3 петособни, велат податоците од ДСЗ.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, на ниво на држава 228 (60.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (11.1 %) за објекти од нискоградба и 108 (28.6 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 378 објекти, на 226 (59.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 (40.2%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 757 станови, со вкупна корисна површина од 64 401 м2, велат податоците од ДЗС.
OhridNews












